Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Ѓоковиќ со доста проблеми до четвртфиналето на мастерсот во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше меѓу осумте најдобри на мастерс турнирот во Париз, Франција.

Првиот светски рекет денеска едвај го совлада Холанѓанецот Талон Грикспор со резултат 2:1 во сетови 4:6, 7:6 и 6:4.

Ѓоковиќ дојде многу потешко од очекувањата до победата после загубениот прв сет, а во вториот беше подобар дури во тај-брејкот.

По завршувањето на мечот Ѓоковиќ откри на овој меч не бил во најдобра здравствена состојба, односно имал стомачни проблеми.

– Грикспор играше на многу високо ниво, му честитам за тоа. Ќе победеше вечерва, ако го направеше тоа, ќе беше заслужено. Имав стомачни проблеми и не се чувствував добро. Најверојатно имам стомачен вирус. Се обидов да го задржам мојот сервис и да стигнам до тајбрејк, што го направив во вториот сет. Во третиот почнав да играм малку подобро – рече Ѓоковиќ.

За пласман во полуфиналето Ноле ќе игра со подобриот од мечот Алтмајер – Руне.

Веќе се познати останатите четвртфинални двојки во Париз: Де Минор – Рубљов, Хуркач – Димитров и Циципас – Хачанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот