Фото: US Open Tennis Championships

Ѓоковиќ по пласманот во четвртфиналето: Не знам уште колку долго ќе играм тука

Новак Ѓоковиќ за помалку од два часа на теренот во осминафиналето на САД Опен го совлада Германецот, Јан Ленард Штруф и така обезбеди место помеѓу најдобите осум на турнирот. По победата Ѓоковиќ беше рспложен, но и призна дека и самиот не знае уште колку долго ќе може да игра на највисоко ниво.

„Веројатно сега, при крајот на кариерата, повеќе ми годат овие вечерни термини. Не знам уште колку ќе имам прилика да играм тука, затоа благодараност до сите навивачи што вечерва беа тука“, изјави Ѓоковиќ пред публиката која во најголем дел беше на негова страна.

Српскиот ас не гго криеше и задоволството од играта која ја прикажа.

„Во претходниот меч сервирав добро, а ни вечерва не беше лошо. Противникот имаше многу силен сервис, но јас се чувствував одлично на теренот и знаев што треба да направам. Задоволен сум од настапот и од тоа што се пласирав понатаму“, истакна Новак.

Да потсетиме, во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со домашниот тенисер Тејлор Фриц, кој исто така во три сета го елиминираше Чехот Томаш Махач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот