фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Ѓоковиќ изјави дека сака да ги крсти своите деца на Косово и предизвика реакции

Во интервју за италијански „Кориере дело Спорт“, српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ порача дека „сака да се врати на Косово и Метохија„ заедно со својата сопруга Јелена и дека „негова желба е таму да ги крстат нивните деца“.

Поради добро познатиот однос меѓу Србија и Косово, ваквата изјава на Ѓоковиќ предизвика бурни реакции.

„Свесен сум дека темата е многу чувствителна. Конфликтот таму сѐ уште е присутен, не е вооружен, но тензии постојат. Јас сум човек кој не сака да се занимава со политика, меѓутоа за секој Србин, Косово и Метохија се во срцето. Тие се центарот на нашата култура, идентитет, традиција, религија…“, изјави Ѓоковиќ и предизвика реакции од Приштина.

Дел од албанските медиуми на Косово ја пренесуваа оваа изјава на Ѓоковиќ како провокација, а се огласи и косовскиот министер за култура, Хајрула Чеку.

„Нема вакцина, нема влез“, објави тој на Твитер, потсетувајќи го Ѓоковиќ дека пропушти неколку турнири поради одлуката да не се вакцинира.

Инаку, во Косово од 1 мај се отстранети сите забрани и повеќе не е потребна вакцина за влез во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот