Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Ѓоковиќ ја освои Женева за 100. трофеј во кариерата!

Српскиот ас и еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, испиша нова страница во својата блескава кариера, освојувајќи го својот 100. трофеј. Тој во финалето на турнирот во Женева, по голема битка, го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 2:1 во сетови (5-7, 7-6, 7-6).

Иако имаше две брејк-шанси во петтиот гем од првиот сет, Ѓоковиќ не успеа да ги реализира, а Хуркач го казни тоа и во финишот го доби сетот со 7-5.

Вториот сет донесе вистинска тениска класика, ниту еден од тенисерите не го загуби својот сервис, па победникот мораше да се решава во тај-брејк. Таму, Ѓоковиќ ја демонстрираше својата ментална цврстина и со убедливи 7-2 израмни на 1-1.

Во решавачкиот сет, Хуркач одлично стартуваше и веднаш направи брејк, но Ѓоковиќ не се предаде. Во осмиот гем возврати со брејк и израмни на 4-4, по што следуваше уште еден тај-брејк.

И повторно, кога беше најважно, Ѓоковиќ беше најдобар. Со нови 7-2, го доби мечот и го прослави својот 100. АТП трофеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот