Фото: US Open Tennis Championships

Ѓоковиќ го доби Фриц и закажа спектакл со Алкараз

Новак Ѓоковиќ продолжи со своите игурни настапи по патот кон својата 25. грен-слем титула и јубилејна 100. титула во кариерата, откако во четвртфиналето на САД Опен со 3:1 во сетови го совлада Американецот Тејлор Фриц. Мечот траеше три и пол часа, а српскиот ас уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите на сите времиња.

Ѓоковиќ ги освои првите два сета со 6:3 и 7:5, додека Фриц успеа да се врати во третиот со 6:3. Но, тоа беше сè од Американецот, Новак во четвртиот сет го затвори мечот со 6:4 и обезбеди место меѓу четворицата најдобри на турнирот. Во текот на целиот меч, Ѓоковиќ загуби само два свои сервиси.

Во борбата за пласман во големото финале, Ѓоковиќ ќе се сретне со Карлос Алкараз со кого ќе игра в петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!