
Ѓоковиќ до крајот на годината ќе настапи само на два турнири
Новак Ѓоковиќ одамна го намали бројот на турнири на кои учествува, но оваа сезона покажува дека тој тренд продолжува со уште поголем интензитет. Српскиот ас сè повеќе го фокусира своето присуство на големите сцени, додека помалите турнири речиси целосно ги исфрли од својот календар.
Препорачано
Приоритет и натаму му се грен-слемовите, а оваа година освен нив, настапи само на три турнири, Бризбејн, Доха и Женева. Последните три настапи ги имаше токму на најпрестижните тениски сцени: Ролан Гарос, Вимблдон и САД Опен.
До крајот на сезоната остануваат уште околу два месеца, но распоредот на Ѓоковиќ останува минималистички. Според сите најави, речиси е извесно дека нема да биде дел од азиската турнеја, каде минатата година играше на Мастерсот во Шангај и стигна до финалето, загубувајќи од Јаник Синер. Сега, неговото отсуство од официјалните промо-материјали за турнирот е знак дека нема да биде дел од истиот.
Во календарот до крајот на годината, Ѓоковиќ има потврдено само два настапи и двата егзибициски. Прво, од 15 до 18 октомври ќе учествува на спектаклот „6 Кралеви“ во Ријад, заедно со Синер, Алкараз, Зверев, Фриц и Дрејпер. Потоа, од 2 до 8 ноември, ќе настапи на турнирот во Атина кој самиот го организира.