Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Гиљермо Очоа ќе брани во Серија А

Мексиканскиот голман Гиљермо Очоа во изминатите години стана познат како човек кој брани фантастично на Светските првенства, додека на клупски план не се истакнува предмногу. Сега, според италијанските медиуми Очоа за првпат ќе брани во Серија А.

Според најавите, Очоа денес пристигнувиа во Италија на медицински прегледи и потпис на договор до крајот на сезоната со екипата на Салернитана.

Во Салернитана Очоа пристигнува како слободен играч бидејќи неговиот договор со Клуб Америка истекува на 31. декември.

За Очоа ова ќе биде прво искуство во Серија А, додека од најдобрите првенства бранеше во Лига 1 каде што одигра 112 натпревари за Ајчаио, а во Шпанија за Малага и Гранада собра 49 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот