Климатски активисти ги залепија рацете на пистите во Берлин и Минхен/Фото. Твитер

Ги залепија рацете на пистите – климатски активисти ги блокираа аеродромите во Берлин и Минхен

Активисти за климата по вторпат се обидоа да ја попречат работата на меѓународниот аеродром во Берлин БЕР, додека демонстранти успеаја да ја блокираат пистата на аеродромот во Минхен, јави ДПА.

– Летовите во моментов не се ограничени, соопштија аеродромските власти на БЕР.

Аеродромот соопшти дека е спроведена операција во безбедносната област „поради неовластен пристап”.

Портпаролот на полицијата рече дека некои луѓе добиле пристап до безбедносната област и оти операцијата сè уште е во тек.

Групата „Последна генерација” соопшти дека членовите влегле во областа и биле на асфалтот на аеродромот. „Ние сме на пристапните писти на БЕР и МИН (аеродромот во Минхен)”, соопшти Последна генерација на Твитер.

Фотограф на ДПА јави дека група активисти за климатски промени направиле дупка во оградата, но потоа биле пресретнати од чувари или полицајци.

На 24 ноември, климатските активисти ги прекинаа летовите на аеродромот во Берлин речиси два часа.

Активисти од Последна генерација утрово блокираа и една од пистите на аеродромот во Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!