Папата Лав XIV на состанок со кардиналите/Фото: VATICAN MEDIA / Profimedia

Ги следиме стапките на Франциск, им порача папата Лав XIV на кардиналите

Папата Лав XIV се сретна со сите католички кардинали во саботата и разговараше за неговата идна работа.

Зборувајќи пред кардиналите, тој рече:

„Папата, почнувајќи од Свети Петар и допирајќи до мене, неговиот недостоен наследник, е скромен слуга на Бога и на браќата. Само ова. Ова јасно го покажаа примерите на многу мои претходници, а неодамна и на папата Франциск, со неговата целосна посветеност на своите служби и неговата строга едноставност во животот. Тој се предаде на Бога за време на својата мисија и беше полн со спокојна доверба во моментот на враќањето во татковиот дом“, нагласи новиот папа.

„Го користиме ова драгоцено наследство и почнуваме повторно да одиме, со истата надеж што доаѓа од верата“, додаде Лав XIV.

Во исто време, новиот папа нагласи дека посебен акцент мора да се стави на зголемувањето на мисионерската работа на Црквата, на љубовната грижа за сиромашните и маргинализираните и на храбар дијалог со современиот свет, со неговите различни реалности и аспекти.

Ова се точки содржани во „Евангелскиот поттик“ од папата Франциск.

Осврнувајќи се на името што го избра и наследството на Франциск, новиот Папа нагласи:

„Чувствувајќи дека морам да ги следам овие стапки, помислив да го земам името Лав XIV“. Постојат многу причини, но главно затоа што папата Лав XIII, со својата историска енциклика, папското послание Rerum Novarum, се осврна на социјалните проблеми во контекст на првата индустриска револуција. Денес Црквата им ја нуди на сите својата богата општествена катехеза, за да даде одговори на уште една индустриска револуција и на развојот на вештачката интелигенција, кои носат нови предизвици за одбраната на човечкото достоинство, правдата и работата.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!