Фото: Архива на Слободен печат

Гевгеличанец осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка од валандовско

Полицијата вчера го привела дваесет и шестгодишниот Т.М. од Гевгелија заради сомнение дека физички нападнал и извршил обљуба врз малолетничка од валандовско, при што ѝ дал да користи марихуана, соопштија денеска од СВР Струмица.

-Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени грендери и други предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело, информираа од СВР Струмица.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот