Занаетчија
Занаетчија / Фото: EPA-EFE/YOUSSEF BADAWI

Германските занаетчии користат компјутерски игри за да привлечат млади работници?!

Германското занаетчиство, како и другите гранки на домашната економија, страда од недостаток на работна сила. Занаетчиите сега се обидуваат да привлечат млади луѓе преку компјутерски игри како Мајнкрафт, пишува германската новинска агенција ДПА.

„Светот на Мајнкрафт ни овозможува да допреме до младите луѓе кои се веќе таму“, рече директорот на кампањата Мајк Шлаермахер. „Ние не им приоѓаме со конвенционален маркетинг, туку преку интерактивно искуство што ги доближува занаетчиските вештини“, додаде тој.

Така, како дел од играта, од 2 април младите играчи ќе можат заеднички да градат тупаница со кренат палец, според логото на Германското здружение на занаетчии. Во отворениот свет на Mајнкрафт, корисниците можат да реконструираат сложени објекти и пејзажи од основните квадратни блокови, меѓу другото. Оваа паралела со вистинското занаетчиство ќе биде акција во која ќе може да учествува секој, велат од ЗДХ. Напредокот на конструкцијата во играта ќе се прикажува во живо на платформата Tвич еднаш неделно. Дополнително, проектот во живо ќе го следи и стриминг каналот Рокет Бинс TВ, пренесува Феникс магазин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот