Фото: EPA/CHRISTOPHER JUE

Германскиот Уставен суд ја отфрли тужбата на Мекдоналдс: останува специјалниот данок

Уставниот суд на Германија го потврди специјалниот данок на пакувањето храна и пијалоци за еднократна употреба што го наплаќа германскиот универзитетски град Тибинген. Со ова судот ја отфрли и тужбата на локалната франшиза на синџирот за брза храна Мекдоналдс, чиј сопственик е убеден дека данокот ја нарушува слободата на деловното работење.

Сопственикот на локалната франшиза на американскиот прехранбен гигант поднесе тужба, верувајќи дека данокот, кој се однесува на широк спектар на пакувања за еднократна употреба на сè, од хартиени чаши за еднократна употреба до прибор за јадење и сламки – ја нарушува слободата на деловното работење предвидена во германскиот устав.

Уставниот суд во Карлсруе пресуди дека данокот всушност ја попречува слободата на деловното работење, но на оправдан и уставно усогласен начин. Тибинген, кој се наоѓа во југозападниот дел на Германија, го усвои данокот на почетокот на 2022 година со цел да се намали количината на отпад на јавните простори. Данокот за пакување како чаши и тацни за еднократна употреба е 0,50 евра по производ, а за прибор за јадење и предмети за еднократна употреба како сламки 0,20 евра по производ, информира Н1 Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот