фото: Screenshot/instagram.com/dbb_basketball

Германскиот репрезентативец Денис Шредер испиша историја на Евробаскет

Германската кошаркарска репрезентација е првиот финалист на Европското првенство. Германците денеска ја победија Финска во полуфиналето и сега го чекаат подобриот од дуелот Турција-Грција.

Најзаслужен играч за триумфот на актуелниот светски шампион беше Денис Шредер, кој постигна 26 поени и 12 асистенции, со што влезе во историјата на Евробаскетот.

Имено, Шредер стана само вториот во историјата што постигнал над 25 поени, а исто така имал и 12 асистенции.

Претходно, само Русинот Алексеј Швед успеа да го направи ова, кој постигна 27 поени и 12 асистенции против Хрватска во 2017 година.

Шредер стана и четвртиот во историјата што запишал 12 асистенции во полуфинален меч.

ВИДЕО | Германија чекаше 20 години за ново финале на Евробаскет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот