Германскиот министер за внатрешни работи одби да се вакцинира со „Астра зенека“

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер не ја прифати поканата на министерот за здравство Јенс Шпан да се вакцинира со вакцината на „Астра зенека“.

– Мојот одговор на повикот на Шпан е „не“. Не дозволувам никој да ми го наметнува своето мислење, изјави Зехофер за Билд, притоа наведувајќи дека не сака да ја оценува таа вакцина.

Министерот Шпан на последната владина седница ги повика сите свои колеги постари од 60 години да се вакцинираат со вакцината на „Астра зенека“, со цел да се зголеми довербата во таа вакцина.

За разлика од Зехофер, денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер (65) ја прими првата доза вакцина против коронавирус на производителот „Астра Зенека”.

„Верувам во вакцините кои се одобрени  во Германија. Вакцинацијата е клучна за излез од пандемијата. Искористете ги можностите што ви се даваат”, се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата.

Германскиот претседател Штајнмаер се вакцинираше со Астра Зенека

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот