Супермаркет/ Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Германски трговски синџир почна да наплаќа 12 евра и за влез во продавницата!

Германскиот трговски синџир „Алди“, при отворањето на експериментална продавница Шоп & Го без каси во Гринич, Источен Лондон, воведе уште еден новитет. Имено, сега не можете да влезете во продавницата без да се регистрирате со апликацијата на „Алди“ која ви наплаќа 12 евра или ако немате апликација тогаш треба да платите депозит од 12 евра со банкарска картичка.

Слободно можете да се движите низ самата продавница, а сè што ќе земете од полица внимателно го следат камери контролирани од вештачка интелигенција која снима сè. На крајот едноставно излегувате слободно, а тоа што сте го земале ќе ви се наплати од картичката или апликацијата на „Алди“, пренесува Дневник.хр. Ако потрошите 12 евра или повеќе, депозитот ќе ви биде впишан, но ако потрошите помалку или ништо, депозитот треба да ви се врати. Aмазон планираше 260 слични вакви продавници, но ги намалија тие бројки. „Теско“, на пример, има само четири такви продавници во ОК, објави Н1 Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот