Фридрих Мерц / Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Германската Влада одобри создавање нов Национален совет за безбедност

Германската Влада денеска одобри формирање на Национален совет за безбедност, со цел да се координира безбедносната политика и да се овозможи побрзо донесување одлуки во време на криза.

Како што пренесе ДПА, телото, исто така, ќе има задача да развива долгорочни стратегии за справување со сценарија на закани и да применува мрежен пристап кон безбедносните прашања.

Советот, направен по примерот на слични тела во САД и Велика Британија, ќе биде предводен од канцеларот Фридрих Мерц.

Во него ќе бидат вклучени клучни министри, како и официјални лица од сојузнички земји и организации, вклучувајќи ја Европската унија и НАТО.

По одлуката на Кабинетот, Мерц го опиша телото како централна платформа за сеопфатни безбедносни прашања и важна компонента на кохезивна безбедносна политика.

– Безбедноста е високо на политичката агенда на владата, рече тој, додавајќи дека овој потег е сигнал за граѓаните и сојузниците во НАТО.

Формирањето на Национален совет за безбедност се дискутирало 30 години, додека неговата нова влада го одобрила по само неколку месеци на функција, истакна Мерц.

Германскиот канцелар ги поврза денешните одлуки за зајакнување на германската одбранбена архитектура, вклучително и формирањето на Национален совет за безбедност, со заканата од Русија.

– Русија долго време спроведува хибридни напади против нас, рече Мерц, истакнувајќи ги „масивните мешања“ во германската демократија и насочените напади врз ИТ безбедноста.

На состанокот, што се одржа во Министерството за одбрана, Кабинетот ги поддржа и плановите за доброволно служење воен рок. јт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот