Собир на АфД / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германската крајно десничарска АфД собира сè поголем број екстремисти

Германската Федерална канцеларија за заштита на Уставот, во својот последен годишен извештај, тврди дека најголемата опозициска партија, Алтернатива за Германија (АфД), сè повеќе собира десничарски екстремисти.

Според извештаите, бројот на десничарски екстремисти во рамките на АфД се зголемил за 77 проценти минатата година и сега изнесува околу 20.000 членови, соопшти агенцијата, пренесе Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека изјавите на партиските функционери честопати содржат ксенофобични и исламофобични ставови, а тие ги обвинуваат мигрантите од земјите со мнозинско исламско население за „културна некомпатибилност“ и „склоност кон криминално однесување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот