Работници во Германија/Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Германската автомобилска индустрија отпушта повеќе од 50.000 работници

Индустриската работна сила во Германија се намалува поради тековната економска криза, при што само автомобилската индустрија отпушта околу 51.500 работни места за една година, речиси 7 проценти од работната сила во секторот, според најновото истражување на фирмата за сметководство и професионални услуги EY. Ниеден друг сектор не забележал загуби од овој обем, се вели во извештајот, објави Дојче Веле- пренесува Политика.

Севкупно, вработеноста во индустријата изнесуваше 5,42 милиони до крајот на јуни, што е намалување за 114.000 работни места, или 2,1 процент, во однос на претходната година.

Од 2019 година, секторот изгуби околу 245.000 работни места. Приходите во индустријата се намалија за 2,1 процент во вториот квартал, што е осми пад по ред. Производителите на автомобили се борат со пад на продажбата, конкуренцијата од Кина и скапиот премин кон електрични автомобили.

Јан Брорхилкер од EY изјави дека падот на побарувачката во Кина, американските царини под претседателот Доналд Трамп и слабите европски пазари ги принудуваат германските производители на автомобили и добавувачи да го намалат производството. И други индустрии беа исто така погодени, се вели во студијата. Производителите на машини изгубија околу 17.000 работни места, додека производството на метали изгуби 12.000. Хемискиот и фармацевтскиот сектор беа помалку погодени. Големите компании, вклучувајќи ги Mercedes-Benz, Volkswagen, Bosch, Continental, ZF и Porsche, започнаа програми за намалување на трошоците.

Брорхилкер предупреди дека трендот ќе продолжи, особено влијаејќи на младите инженери, и рече дека невработеноста кај дипломираните студенти веројатно ќе се зголеми – нешто што Германија не го видела со години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот