Фото: Профимедиа

Германска банка планира да ги отстрани сите банкомати до крајот на септември

„Обербанк“ има 46 филијали во Германија, вклучувајќи 16 градови во Баварија како што се Фрајзинг, Отобрун и Регенсбург. До крајот на септември, банката планира да ги отстрани сите банкомати. Целта во иднина е да се фокусира исклучиво на консултации со клиенти и дигитални услуги, пишува списанието Феникс- пренесе Телеграф.рс.

„Реагираме на променетото однесување на корисниците“, изјави портпаролката на банката за InFranken. Подигнувањата на готовина се во опаѓање, додека плаќањата со картички стануваат сè почести.

Така, Обербанк го следи истиот тренд како и ДКБ, која исто така ги затвора сите свои банкомати во Германија. Клиентот на Обербанк, Стефан Ренг од Унтершлајсхајм, беше шокиран од промената. Агентот за недвижности и долгогодишен клиент (15 години) критикува што банката не го известила лично. Само известувањето на вратата од филијалата го најавува прекинувањето на банкоматот:

„Плаќањата и подигнувањата на готовина на лице место повеќе не се можни. Банкоматот ќе биде затворен и отстранет.“

Како алтернатива, банката ја споменува можноста за подигнување готовина во супермаркетите и користење на онлајн банкарство. Многу продавници во Германија веќе ја нудат оваа бесплатна услуга: готовина може да се подигне на касата со купувањето. Некои бензински пумпи нудат слични услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот