Патници на Скопскиот аеродром ТАВ / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Германка претерала со туристичкиот престој во Македонија, ја уапсиле на аеродром

57-годишна жена од Германија вчера била уапсена на скопскиот аеродром при обид да ја напушти државава, откако било утврдено дека го пречекорила дозволениот туристички престој, соопшти МВР.

„На 08.10.2024 во 06.50 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја привеле З.Б.С.(57) од Сојузна Република Германија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека го пречекорила дозволениот туристички престој во државата. Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот