
Германија сака да постигне климатска неутралност во 2045 година
Германската економија треба да постигне климатска неутралност уште во 2045 година – овој предлог на вицеканцеларот и министер за финансии Олаф Шолц и министерот за животна средина Свења Шулце ќе биде ставен на гласање следната недела.
Препорачано
Како што пренесуваат германските медиуми, под притисок на претстојните парламентарни избори наесен и зголемувањето на рејтингот на Зелените, кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија, Олаф Шолц, изненадувачки ги објави новите климатски цели за Германија.
– Прво ги прецизираме климатските цели за 2030 година. Дотогаш, мора да постигнеме 65 проценти неутрализација на стакленичките гасови. Средната цел за 2040 година е 88 проценти, а крајната цел е да се постигне неутралност на климата уште во 2045 година, рече Шолц.
Шулце додаде дека „владината коалиција на демохристијани и социјалдемократи го поддржува овој предлог”.
Предлогот на вицеканцеларот и министерот за животна средина доаѓа по одлуката на Уставниот суд, кој го задолжи кабинетот до крајот на следната година да утврди конкретни обврски за ограничување на стакленички гасови за периодот по 2030 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
26мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5