
Германија разгледува начини да го поддржи „Фолксфаген“ по објавувањето дека отпушта работници
Германската влада разгледува начини да го поддржи „Фолксваген“, изјави денеска германскиот министер за економија и вицеканцелар Роберт Хабек, по најавата за отпуштања во најголемиот производител на автомобили во земјата. Тој ја истакна важноста на таа компанија за земјата и најави дека утре ќе ја посети нејзината фабрика во градот Емден, пренесе Ројтерс.
Препорачано
„Фолксваген“ овој месец соопшти дека треба значително да ги намали трошоците за производство во Германија, наведувајќи ги високите трошоци, ниската продуктивност и тешката конкуренција.
Хабек одби да ги коментира наводите, според кои производителот на автомобили ќе мора да укине 30.000 работни места на среден рок.
„Таа бројка, која во минатото често се наведуваше во врска со потенцијалните кратења на работните места во „Фолксваген“ во Германија, нема основа“, изјави портпаролот на синдикатот на производителите на автомобили.
Менаџментот и синдикатите ќе започнат разговори следната недела за промените на долгорочните договори за плати, кои „Фолксфаген“ ги откажа на почетокот на овој месец, како и за заканите за можно затворање на фабрика во Германија за прв пат во историјата.
Поддржувачите на радикалните мерки во менаџментот на компанијата очекуваат бројот на работници да се намали од сегашните 130.000 за речиси една четвртина, објави германскиот деловен портал Менаџер.
Во моментов во споменатиот оддел се вработени приближно 13.000 луѓе, а меѓу 4.000 и 6.000 од овие експерти би можеле да бидат отпуштени.