Нуклеарна централа/Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Германија нема ја „оживее“ нуклеарната енергија

Новата германска влада нема да прибегне кон „оживување на нуклеарната енергија“, изјави вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, цитиран од ДПА, пренесува БТА. Клингбајл изјави дека коалицијата предводена од конзервативците нема да го промени својот став за излезот на Германија од нуклеарната енергија.

„Ова е линијата и сите во федералната влада мора да се придржуваат до неа“, рече Клингбајл, кој е член на Германската социјалдемократска партија.

Постепеното укинување на нуклеарната енергија во Германија започна по катастрофата во Фукушима во Јапонија во 2011 година, при што последните нуклеарни централи во земјата беа деактивирани во 2023 година. Иако некои конзервативни политичари повикаа на преиспитување на одлуката, коалицискиот договор меѓу ЦДУ, СПД и Баварската Христијанско-социјална унија не ја вклучува нуклеарната енергија. Новата влада, која ја презеде функцијата минатиот месец, неодамна се бореше да постигне заеднички став за нуклеарната енергија и дали таа треба да се класифицира како одржлива на ниво на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот