Авганистанецот Сулејман А. осуден за нападот во Манхајм/Фото: THOMAS KIENZLE / AFP / Profimedia

Германија: Доживотен затвор за авганистанскиот убиец на полицаец во Манхајм

Авганистанецот Сулејман Атае денеска е осуден на доживотен затвор за убиството на полицаецот Реувен Лау и четири други обиди за убиства во Манхајм на 31 мај 2024 година, за време на политички говор на претставник на антиисламското движење Пакс Европа.

26-годишниот Авганистанец нападнал петмина минувачи на плоштадот во Манхајм со нож, а потоа се свртел кон еден од полицајците кој се обидел да го спречи. Полицаецот им подлегнал на тешките повреди неколку дена подоцна.

Според Федералното обвинителство, сега е докажано дека обвинетиот бил радикализиран со години и се идентификувал со терористичката организација „Исламска држава“ и дека неговата цел тој ден била прво да го убие критичарот на исламот и говорник на настанот, Михаел Штурценбергер од Пакс Европа, но и што е можно повеќе негови поддржувачи.

Сулејман Атае го признал своето дело и изразил каење, извинувајќи се на семејството на жртвата. Во врска со неговата мотивација, тој се осврнал на војната во Газа, која, како што рекол, му го променила животот.

Сулејман Атаe пристигнал во Германија во 2013 година и побарал азил, кој бил одбиен, но не било побарано веднаш да биде депортиран, бидејќи бил малолетник и до нападот во Манхајм останал непознат за властите. Во последните години живеел со сопругата и двете деца во Хепенхајм, Хесен, околу 35 километри североисточно од Манхајм.

Нападот врз полицаецот повторно ја разгоре дебатата за депортација на странски криминалци, а кратко потоа, тогашната влада (под Олаф Шолц) објави дека повторно ќе дозволи депортации во Авганистан, иако немало контакт со талибанскиот режим . Во последните недели, федералната влада призна дека води „технички“ разговори со Кабул за да се осигури дека авганистанските мигранти ќе се враќаат во нивната земја „често и на уреден начин“ во иднина.

Неколку лица повредени во напад со нож во Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот