Германскиот министер за сообраќај, Фолкер Висинг/ Фото Jörg Carstensen / AFP / Profimedia

Германија донесе нов пакет мерки за намалување на емисиите на штетни гасови

Германската Влада денеска претстави нов пакет мерки за намалување на емисиите на штетни гасови со „ефект на стаклена градина” во секторите сообраќај и домување, со цел Германија до 2045 година да биде на ниво на неутралност на емисиите.

Министерот за сообраќај Фолкер Висинг соопшти дека е планирано зголемување на бројот на станици за полнење електрични возила, зголемување на јавниот превоз и на патиштата да има повеќе велосипедски патеки.

Според него, земјата нема да воведува ограничување на брзината на автопатишта. Активисти за заштита на животната срединаоценија дека токму таа мерка веднаш би ги намалила штетните емисии на гасови и високата цена на горивото.

На многу автопатишта во Германија засега нема ограничување на брзината, па возачи често возат со брзина поголема од 200 километри на час, што во голема мера ја зголемува потрошувачката на гориво.

Планот на Висинг беше наречен „небулозен” од страна на организацијата Гринпис, критикувајќи ја одлуката за брзина на автопатишта и дозволата системите за греење на гас во домаќинствата да може да се инсталираат до 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!