Германија: Демонстрации во Берлин против дополнителното вооружување

Околу 1.000 луѓе демонстрираа денеска пред Бранденбуршката порта во Берлин против планираната измена на основниот закон за повторно вооружување на Бундесверот. Пратеничката од Бундестагот од Левицата Гесине Лех ги обвини германските Зелени за „самоизмама“, пишува Дојче веле.

„Тие се пофалија дека во разговорите со ЦДУ и СПД преговарале 100 милијарди евра за заштита на климата. Дури и во мирно време производството на оружје е неверојатна експлоатација на природата“, рече Лех, оценувајќи дека тезата дека дополнителното вооружување штити од војна преку одвраќање е „опасна пропаганда“.

Таа најави дека во вторник 28 пратеници од Левицата ќе гласаат против „бланко чек“ за дополнително производство на оружје.

Можете да сметате на тоа“, изјави Гезине Лех, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот