Работници во фабрика за мебел во Германија/ Фото: Arne Trautmann / Panthermedia / Profimedia

Германија бара повеќе од еден милион работници

Иако Европската Унија бележи висока стапка на невработеност, работодавците се соочуваат со парадокс: повеќе од еден милион работни места остануваат непополнети. Според податоците на Евростат, дури 2,1% од сите работни места во ЕУ останале слободни во вториот квартал од 2025 година. Главниот проблем не е недостатокот на луѓе, туку недостатокот на квалификувани работници- објави Каматица.

Најмногу отворени работни места има во поразвиените европски земји. Германија е лидер со над еден милион слободни работни места, по што следуваат Велика Британија (780.000) и Франција (504.000). Од друга страна, во земји како Романија (0,6%), Шпанија и Полска (0,8%), бројот на отворени работни места е значително помал.

Интересно е што, и покрај тоа што Шпанија бележи голем број имигранти, таа има значително помалку отворени работни места од Германија. Ова укажува дека трендовите на миграција не секогаш ги следат потребите на пазарот на трудот.

Главната причина за оваа нерамнотежа е недостатокот на вештини кај работниците. Истражувањето на Manpower Group покажува дека дури 75% од европските работодавци не можат да најдат вработени со соодветни квалификации. Ова е огромен скок во споредба со периодот од пред пет години и јасно укажува дека работните места на иднината се веќе тука, но недостасува работна сила со потребното знаење.

Најголемиот недостиг на квалификувана работна сила е забележан во северните и западните земји на Европа. Иако Европската комисија работи на нови политики за вработување, податоците јасно покажуваат дека главниот предизвик е во усогласувањето на знаењето и вештините на работниците со барањата на современиот пазар на трудот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот