Бар Црна Гора/ Фото: justaa / Alamy / Profimedia

Германците ја анализираат „Порт оф Адриа“, црногорската Влада е заинтересирана да ја купи

Плановите за повторно обединување на пристаништето Бар, односно негово припојување кон компанијата  „Порт оф Адриа“, сериозно се дискутираат најмалку две години.

Пристаништето во Бар склучи договор со реномираната компанија „Хамбург порт консалтинг“, која во следните два месеци ќе изврши детална анализа на работењето на компанијата „Порт оф Адриа“ со која моментално раководи турската компанија „Глобал портс“, изјави црногорскиот министер за поморство Филип Радуловиќ, пренесува агенцијата Мина-бизнис. Министерот рече дека целта на анализата е да се процени можноста за купување на „Порт оф Адриа“ од сегашните сопственици и негово спојување со пристаништето Бар.

Како што се наведува во соопштението на Министерството за поморство, анализата ќе биде насочена кон финансиските аспекти на работењето на „Порт оф Адриа“, а врз основа на резултатите, Владата ќе ги започне преговорите за купување.

„Сметаме дека раздвојувањето на овие две компании беше погрешен потег што им штетеше на националните интереси. Спојувањето на пристаништето Бар и „Порт оф Адриа“ би создало поголем развоен потенцијал, што значително би придонело за економијата на Црна Гора“, нагласи министерот Радуловиќ.

„Владата на Црна Гора продолжува да презема одлучни чекори кон зајакнување на клучните економски сектори, со посебен фокус на развојот на поморството и инфраструктурата“, наведуваат од Министерството за поморство, објави Пословни дневник.

Целта на анализата, се наведува во поканата, е да се добие увид и да се разбере исплатливоста од планираното преземање на 62,08 отсто од акциите на „Порт оф Адриа“, која моментално е во сопственост на турската компанија „Глобал портс“, со оглед на пазарната позиција и перспективата на „Порт оф Адриа“, како и финансиската изводливост.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот