Ѓубре во Центар / Фото: Принтскрин

Герасимовски: Општинските хигиеничари го собираат ѓубрето низ Центар иако жителите за тоа му плаќаат на Градот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утринава се вклучи во живо и информираше дека општинските хигиеничари се излезени на терен и го собираат отпадот од центарските улици, обврска која, како што вели, им припаѓа на Градот и на „Комунална хигиена-Скопје“.

Ѓубре во Центар / Фото: Принтскрин

 

„Еве вака „Комунална хигиена“ си ја извршува својата работа. Како и изминативе неколку години, така и ова понеделничко утро центарци се будат со ѓубре, целата општина е со смет. Нашите 120 хигиеничари се постојано на терен и ја завршуваат работата и обврската за која центарци плаќаат на ЈП „Комунална Хигиена-Скопје“. Верувам дека после волку многу апели, тие ќе се свестат и повеќе нема да го имаме овој смет по улиците во Центар“, рече Герасимовски.

Тој упати апел до комуналното претпријатие да започне со редовно собирање на отпадот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот