Фото: Општина Центар

Герасимовски на средби со центарци, карванот „Се гледаме во маало“ тргнува вечерва од Капиштец

Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска на брифинг појадок со новинари најави дека караванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“ отпочнува денеска од населбата Капишец, а завршува на 5 јули со средба со граѓаните од реонот на Кале. Герасимовски потенцираше дека преку овој караван, граѓаните ќе се информираат за тоа што е реализирано во изминатите три и пол години, но исто така центарци ќе можат да дадат и свои идеи, сугестии и предлози за поубав Центар.

Заедно со граѓаните ќе креираме политики и идеи и ќе ги реализираме. Самиот караван почнува од населбата Капиштец, од детското игралиште кај „Зебра“. Со општинските служби ќе бидеме заедно со граѓаните и ги слушаме сите нивни предлози и идеи, она што го правиме во текот на годините преку буџетските форуми, истражувањата, анкетите. Нашата цел е да ги слушнеме центарци за нивните предлози и идеи. Се гледаме вечер во маало, рече Герасимовски.

Градоначалникот објасни дека целта е преку овие маалски средби,  покрај досегашните редовни средби со граѓаните и отворените денови,  да се увидат потребите на граѓаните, нивните предлози и идеи, за да се вметнат во општинските програми и да се реализираат проекти кои се целосно во нивен интерес.

Заинтересираните граѓани можат да ја погледнат агендата со предвидените маалски средби.

АГЕНДА
Вторник 10.06 од 18:30 до 20:00 часот
Капиштец Зебра паркот

Среда 11.06 од 18:30 до 20:00 часот
Дебар маало (клупата Горан Стефановски)

Четврток 12.06 од 18:30 до 20:00 часот
Пролет игралиште

Петок 13.06 од 18:30 до 20:00 часот
Паркинг кај Мистер џек (индијанско маало)

Сабота 14.06 од 10:30 до 12:00 часот
Зелено пазарче на плочникот

Недела 15.06 од 10:00 до 11:30 часот
Средно Водно паркингот

Понеделник 23.06 од 18:00 до 20:00 часот
Парк Капиштец кај спортското игралиште

Вторник 24.06 од 18:30 до 20:00 часот
Песталоци (во дворот)

Среда 25.06 од 18:30 до 20:00
Ул. 50 дивизија (игралиштето)

Четврток 26.06 од 18:30 до 20:00 часот
Градски ѕид (ескимо пролазот)

Петок 27.06 од 18:30 до 20:00 часот
НБРМ Плочникот Маџир маало

Сабота 28.06 од 10:00 до 11:30 часот
Пазарче Буњаковец

Недела 29.06 од 10:00 до 12:00 часот
Градски парк

Понеделник 30.06 од 18:30 до 20:00 часот
Водно (кош Тинекс)

Вторник 01.07 од 18:30 до 20:00 часот
Пајко маало (филхармонија)

Среда 02.07 од 18:30 до 20:00
Кеј 13 Номеври, кај кафичите

Петок 04.07 од 13:45 до 15 часот
Крњево

Сабота 05.07 од 18:30 до 20:00 часот
Кале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот