Горан Герасимовски - Градоначалник на општина центар - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Горан Герасимовски - Градоначалник на општина центар - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

Герасимовски ќе гради нов модерен старски дом во Центар – општината ќе дели субвенции од 200 евра

Новиот дом ќе биде со субвенционирана цена од 200 евра во денарска противвредност.

Кандидатот за градоначалник и актуелен прв човек на Општина Центар, Горан Герасимовски, пред пензионерите најави изградба на современ дом за стари лица, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на стари лица.

Новиот дом ќе биде со субвенционирана цена од 200 евра во денарска противвредност.

„Ова беше едно од најчестите барања на пензионерите. Сите сме свесни колку е скапо и тешко сместувањето во приватни домови, па затоа решивме да преземеме конкретен чекор што ќе обезбеди достоинствено стареење за нашите постари сограѓани“, изјави Герасимовски.

Планираниот дом ќе може да смести 50 лица и ќе ги исполнува европските стандарди за квалитет и грижа.

Корисниците ќе имаат пристап до 24-часовна медицинска нега, разновидна и урамнотежена исхрана, како и до програми со социјални активности што ќе овозможат активно и исполнето секојдневие.

„На тој начин, пензионерите нема само да бидат згрижени, туку ќе имаат можност за вистински достоинствен живот во својата трета доба,“ додаде Герасимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот