Фото: Општина Центар

Герасимовски ги повика центарци да пријавуваат диви депонии, службите итно ќе реагираат

Екипи на Општина Центар  со механизација ја исчистија дивата депонија лоцирана позади Амбасада на Република Грција. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека  чистењето на дивите депонии е приоритет на Општината, затоа што тие претставуваат закана за здравјето на граѓаните и животната средина.

Депониите се потенцијален извор на инфекции, загадување и опасност за жителите. Наша обврска е да реагираме брзо и ефикасно, грижата за чиста и здрава околина мора да биде заедничка одговорност на институциите и граѓаните, вели Герасимовски.

Тој информира дека ова е третата исчистена депонија во последните неколку месеци, откако претходно биле отстранети дивата депонија позади трговскиот центар „Буњаковец“ кај катната гаража и депонијата во близина на трговскиот центар Ист Гејл Мол,  иако таа била под надлежност на Градот Скопје.

Ги повикувам сите граѓани да пријавуваат диви депонии и проблеми со јавната чистота со цел навремена интервенција на општинските служби. Пријавите можат да се достават на телефонските броеви: 076/350-767 и 02/3203-693. Нашите служби веднаш ќе излезат на терен за да ја подобриме хигиената во Центар. Само со заеднички напори можеме да создадеме поубаво и почисто место за живеење, апелира  Герасимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот