Горан Герасимовски - Градоначалник на општина центар - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Горан Герасимовски - Градоначалник на општина центар - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

Герасимовски е убеден дека ќе добие втор мандат во Центар

Актуелниот градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, е убеден дека по втор пат ќе ја добие довербата на центарци, заради сработеното, но и многуте планови од интерес на граѓаните.

На работната средба со новинарите, Герасимовски посочи дека во изминатиот период општината, раководена од него, работела и работи транспарентно и отворено, и секогаш е достапна за граѓаните.

Советот на општината и јас како градоначалник, сме пример за работење на локална самоуправа на територија на државата, ние сме меѓу малкуте општини каде што претседателот на советот доаѓа од друга политичка партија и одлично функционира изминатите три ипол години. Се прифаќаат предлози од сите советнички групи, без разлика на нивната политичка партија. Тоа што е издржано, тоа што е во интерес на граѓаните и за тоа што имаат финансиска поддршка, секогаш се прифаќа и од моја страна и од страна на советниците, рече Герасимовски, нагласувајќи дека политиката е комплетно тргната настрана од работењето на општината.

Според него, сработеното од него и од неговиот тим, дава право да се кандидира како градоначалник за втор мандат и секако да се добие локалната изборна трка.

Герасимовски на средби со центарци, карванот „Се гледаме во маало“ тргнува вечерва од Капиштец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот