фото: принтскрин/youtube

Генијална идеја, еве решение до УЕФА за безбедни тренинзи! (ВИДЕО)

Српскиот фудбалски клуб Вождовац уште пред три години играше „бабл фудбал“, сите играчи беа во балони со скоро никаков контакт..

Српскиот фудбалски клуб Вождовац сподели идеја како може да се тренира во овие чувствителни моменти поради пандемијата на коронавирус.

Популарните „змејови“ испратија решение за безбедни тренинзи, како би можело да се почитува потребната оддалеченост едни од други.

Овој клуб уште пред три години играше „бабл фудбал“, сите играчи беа во балони со скоро никаков контакт.

Ваков тренинг можеби ја сведува на минимум можноста да се заразат фудбалерите и ваквото решение го предлагаат дури до УЕФА.

Еј, УЕФА, мислам дека ова би бил најсигурен начин да се продолжи првенството под околностите кои владеат – велат од ФК Вождовац.

Тие во добро расположение најавуваат дека во склоп со препораките на државните власти во Србија ќе ги започнат со тренинзите в понеделник, но со максимум 10 лица, вклучувајќи го и тренерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот