Фото: Васка М.Младеновска/ Слободен печат

Генерално чистење на дивите депонии во Битола

Јавните претпријатија, приватните фирми, основните и средните училишта, месните и урбаните заедници и граѓаните, од утринава масовно во Битола ја спроведуваат акцијата „Генералка викенд”.

-Трета година по ред, Општина Битола е дел од оганизираната пролетна акција за чистење и селектирање на отпад која има за цел да придонесе за подигнување на еколошката свест и одговорноста кај населението за заштита на животната средина и спречување на создавањето нови диви депонии. Акцијата се спроведува на иницијатива на „Мен енд Маунтен” во соработка со „Пакомак” а од утрово јавните претпријатија, 10 основни, три средни училишта од општината се вклучија во активностите за почиста Битола. Во еко активностите се вклучија и Оф Роуд клубот „Пелистер” од Битола, КУД „Илинден” и дел од граѓаните преку своите месни и урбани заедници. Активностите ги координира ЈП „Комуналец” во соработка со Општината- информираат од Битолската локална самоуправа.

Во пролетната еко акција „Генералка викенд”, се расчистуваат диви депонии во близина на Новиот пазар, кај хотел Битола, три помали локации во поранешната Касарна и кај Светонеделските и германските гробишта.

Граѓаните поздравувајќи ја акцијата за пролетно чистење на Битола велат дека вакви акции треба да има почесто, да се подигне свеста и да не се создаваат депонии, затоа што никогаш не може доволно да се исчисти колку што ќе се собере отпад од несовесноста на поединци.

Инаку, деновиве во големиот парк во Нова Битола се поставуваат спортски и детски реквизити, како и друга урбана опрема која вклучува клупи и корпи за отпадоци.

Со ваквото уредување Битола добива нов простор за одмор и рекреација, но, и за игра и забава на најмладите.

-Проектот за изградба на Новиот парк го реализиравме во соработка со јавните претпријатија, а во досетгашниот период се работеше на соодветна адаптација на просторот, хортикултурно, партерно уредување и осветлување-велат од Општина Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот