Руски Гаспром / Фото: ЕПА

„Газпром“ се повлекува од сопственоста на српската нафтена компанија НИС

Руската енергетска компанија „Газпром“ практично се повлече од структурата на сопственоста на српската нафтена индустрија (НИС), откако дел од нејзините акции се префрлени на руската компанија „Интелиџенс“, објави РСЕ, повикувајќи се на податоци од Белградската берза.

НИС се најде на списокот со американски санкции на почетокот на јануари поради врската со „Газпром њефт“, која е под западни санкции заради руската инвазија врз Украина.

„Газпром“, кој претходно поседуваше околу 11,3 проценти од акциите, ги префрли на „Интелиџенс“, компанија со седиште во Санкт Петербург. Со тоа, уделот на „Газпром њефт“ во НИС се намали на околу 44,9 проценти, додека државата Србија поседува 29,9 проценти.

Американските санкции против НИС досега шест пати беа одложувани, а ново барање за одложување е поднесено на 19 септември, истиот ден кога се реализираше трансферот на акциите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека стравува оти санкциите наскоро ќе стапат во сила. – Се плашам дека нема да има ново одложување и дека ќе се најдеме во исклучително тешка ситуација. Ќе се обидам да направам сè за време на разговорите со американските претставници, рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот