Градежна офанзива во Дебар маало и позади универзална / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Газда на фирма ќе одговара, незаштитен работник тешко се повредил

Сопственик на фирма од Куманово ќе одговара за тешки дела против општата сигурност, откако работник, кој не бил заштитен, тешко се повредил додека работел во неговата фирма, соопшти МВР.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Н. (64) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. На 17.03.2025 во правен субјект во Куманово, еден вработен се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи. Пријавениот, како одговорно лице, бил свесен за таа можност, но постапил спротивно на прописите на техничката пракса“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот