Деца во Газа чекаат ред за храна/Фото: Saher Alghorra / Zuma Press / Profimedia

Газа: 43 лица убиени од израелските сили

Агенцијата за цивилна заштита во Газа објави дека 43 лица, од кои 26 чекале да добијат хуманитарна помош, се убиени денес од страна на израелската армија во палестинската енклава.

Дваесет и шест лица загинаа додека чекале помош во близина на коридорот Нецарим, во централниот дел од Појасот Газа, изјави за АФП портпарол на цивилната одбрана.

Илјадници луѓе секојдневно одат во различни области на енклавата, надевајќи се дека ќе добијат храна. Според портпаролот, уште 17 лица биле убиени на пет различни локации од израелско гранатирање или огнено оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот