Гаши се сретна со првите луѓе на Стопанската комора Македонија-Турција

Претседателот на Собранието Африм Гаши остварил средба со претставници на раководството на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), на која се разговарало за економската соработка и трговската размена меѓу двете пријателски земји, како и за можностите за олеснување на процедурите за привлекување повеќе турски инвеститори.

На средбата, соопшти денеска собраниската прес-служба, присуствувале претседателот на МАТТО Ајдован Адемоски, копретседателот Билал Суџубаши, заменик-претседателите на Комората, Имер Селмани и Есер Џевахир, како и Шахпаз Молалиев, извршен директор.

Соговорниците размениле мислења околу можностите за понатамошна операционализација на Договорот за слободна трговија меѓу Република Северна Македонија и Република Турција и на билатералниот Договор за соработка.

– Во таа насока е најавена и понатамошна координација, со цел создавање поповолни услови и надминување на административните пречки за динамизирање на економската соработка, како и на студентската размена. Беше истакнато дека Туркије е петта по ред држава со инвестиции во земјава, но дека капацитетите за соработка на ова поле се уште поголеми, со оглед на тоа што станува збор за традиционално пријателски држави, се наведува во соопштението од Собранието на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот