Гаши се сретна со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола

Денес во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

Гаши се заблагодарил за силната поддршка на европската перспектива на нашата земја која во континуитет ја дава Европскиот парламент и особено претседателката Мецола и изрази очекување таа да продолжи сѐ до полноправното членство на земјата во ЕУ. Двајцата соговорници се согласиле дека граѓаните на Македонија очекуваат големи поместувања бидејќи беа направени навистина отстапки од наша страна кои доведоа до членство во НАТО, но не и до започнување на Меѓувладина конференција со ЕУ, велат од кабинетот на Гаши.

„Претседателката Мецола најави посета на регионот на Западен Балкан за почетокот на следната година и се заложи и за конкретни активности на економски план, на градење на инфраструктурата, укинувањето на роамингот, но и поконкретни исчекори за Македонија преку Програмата за демократска поддршка, насочена првенствено за парламентот. Главни столбови на оваа Програма ќе бидат законодавството и транспарентноста, кои би се одвивале преку студиски посети и тренинзи за медијација, за што претседателот Гаши ја изрази својата поддршка и подготвеност да создаде потребни предуслови за нејзина реализација“, пишува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!