Бела техника машини за перење во продавница / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Гаранцијата овозможува трикратна поправка без разлика на дефектот!

Доколку сте купиле производ со недостаток, имате право по свој избор да барате бесплатно да се поправи недостатокот на производот, да ви го заменат производот, или сразмерно да ви ја намалат продажната цена, но и да го раскинете договорот

Расипаниот производ за кој се уште важи гарантниот рок, може да се сервисира најмногу трипати за различна причина која довела до дефект или двапати, ако е иста причината за поправка. Но, доколку не се поправи, потрошувачите имате право да бараат замена со нов исправен производ или да ви се врати платениот износ за купениот производ.

Поради зачестените поплаки на граѓаните дека новите производи, а особено белата техника и малите кујнски апарати многу често им се расипуваат уште пред да им помине гаранцијата, Организацијата на потрошувачи на Македонија им подготви патоказ за нивните права при конвенционалното, но и при онлајн купувањето. Оттаму советуваат дека при купување на технички производи (апарати за домаќинство, машини, мотори и сл.), трговецот мора да ви ги даде документите за полесна и посигурна употреба на производот (декларација, гаранција-гарантен лист, упатство за користење на производот, упатсво за склопување, а задолжително и списокот на овластени сервиси).

Доколку сте купиле производ со недостаток, имате право по свој избор да барате бесплатно да се поправи недостатокот на производот, да ви го заменат, или сразмерно да ви ја намалат продажната цена, но и да го раскинете договорот.

– Доколку сте купиле производ што не ви одговара по форма, големина, боја, модел или друга причина, можете да побарате од трговецот да ви го замени производот доколку производот не е употребуван, ги има фабричките етикети, ако е сочуван изгледот на производот, пломбите и имате фискална сметка за производот. Ова право можете да го остварите во рок од 15 дена од денот кога сте го купиле производот – потсетуваат од ОПМ.

Веќе две години декларацијата на производите е задолжителна за секој производ и треба да биде напишана на македонски јазик и кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните на територијата на државата и неговото писмо.

– Продажната, односно единечната цена на производите и услугите треба да биде означена на самата стока, односно на нејзината амбалажа или под, над и покрај местото на кое е изложена на јасен, видлив и читлив начин – предупредуваат од ОПМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот