
Гарабаја: Со Суперкупот започнува вистинската сезона и сигурно ќе видиме поинакви тимови
Eкипата на Еурофарм Пелистер во последните две години ја освојуваше шампионската титула во Македонија, но не успеваше битолскиот клуб да влезе во сезоната со трофеј во Суперкупот.
Препорачано
Пред две години загубија од Вардар, а минатата година од Алкалоид.
Оваа лоша мини-серија од редовите на актуелниот шампион ќе се обидат да ја поправат денеска кога ги чека нова битка со Вардар.
Никогаш не сте целосно подготвени, бидејќи за време на сезоната постојано напредувате и учите. Мислам дека имавме добра претсезона и најважно е што немавме сериозни повреди. Тоа што се случи се до денес веќе не е важно. Вистинското натпреварување почнува сега со Суперкупот и ќе видиме поинакви тимови. Ќе видеме поинаков Вардар и сигурно поинаков Еурофарм Пелистер. Се надевам дека нашиот тим ќе биде уште подобар за разлика од подготовките. Мојата идеја е дека секој играч ми треба за секој натпревар, а не за цела сезона. Сакам да го користиме секој ракометар на секој натпревар, бидејќи сакаме да играме силно темпо. Имаме добри играчи на сите позиции и ги имаме по двајца или тројца по позиција. Се надевам дека тоа ќе го искористиме“, изјави стратегот на битолскиот состав, Рубен Гарабија.
Битката за Суперкупот, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ја водат во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 19:00 часот.