Фото: РК Еурофарм Пелистер/ФБ

Гарабаја: Подготвен сум утре да ја почувствувам атмосферата во Битола, Загреб е конкурентен тим

Екипата на Еурофарм Пелистер утревечер го започнува својот настап во новата сезона од Лигата на шампионите и тоа на домашен терен во Битола, каде што ќе ја пречека екипата на Загреб.

Новата сезона битолскиот клуб ја започнува и со нов стратег на клупата, Рубен Гарабаја ќе го предводи тимот откако пристигна на местото на Раул Алонсо.

Во пресрет на првиот меч, Гарабаја не ја криеше возбудата порачувајќи дека со нетрпение чека да  ја почувствува атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ во натпреварите од Лигата на шампионите.

„Загреб е еден конкурентен тим, играат одлично во одбраната, посебно во средината. Треба да ја наметнеме нашата игра и да играме како во подготвителниот период. Подготвен сум за атмосферата во Битола, сите ми зборуваат за тоа откако пристигнав и сакам навивачите да уживаат во нашата игра“, изјави Гарабаја.

Средбата меѓу Пелистер и Загреб е закажана за утре со почеток во 20:45 часот и се очекува салата да биде исполнета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот