фото: rkalkaloid.mk

Галевски: РК Алкалоид ќе оди на победа на секој натпревар во новата сезона

И во новата сезона, едно од имињата кое ќе биде задолжено за сигурноста меѓу стативите на голот на ракометниот клуб Алкалоид е македонскиот репрезентативец Иван Галевски.

Подготовките со клубот во Маврово течат во полн ритам, а очекувањата од сезоната и на личен и на тимски план секогаш се највисоки, согласно со амбициите на клубот.

Повторно сме заедно, работиме напорно и сега ни следи еден подготвителен период, преку кој се подготвуваме на технички и тактички план. Знаеме дека овие тренинзи и активности малку се потешки од вообичаеното, но мора да работиме и да ги следиме задачите на тренерот за да дојдеме до посакуваното.

Работиме на сите сегменти на играта, се подготвуваме и кондициски, но мора овој ритам да го издржиме, затоа што сакаме да ја доживееме таа кулминација и да бидеме во посакуваната висока форма на крајот на месец август кога ни следи тежок старт на сезоната.

На почетокот имаме квалификации во Европската лига на ЕХФ каде ќе играме двомеч со бундеслигашот Хановер, а потоа ни следи и распоред со тешки домашни дуели во Суперлигата. Нема да биде воопшто лесно, но ние ја темпираме формата, добро ни течат подготовките, имаме добра тимска хемија. Нашите амбиции се јасни, оваа екипа е составена да победува, па така ќе одиме на победа на секој натпревар во сезоната и да го прикажеме најдоброто од нас – изјави Галевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот