ГАЛЕРИЈА: Поткровје во Аеродром во француски стил

Изведбата на проектот е од скопското архитектонско студио „Студио 90“

Најголемиот зафат при реновирањето на овој стан претставуваше рушење на ѕидовите помеѓу малата дневна соба, ходникот и кујната. Во еден простор без прегради сега се обединети просторите за седење и одмор, и приготвување на храна.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Во просторот за дневен престој зачуван е паркетот со сета своја патина, и без никакви интервенции. Во продолжение поставени се нови керамички плочки со специфичен патерн и нијанси што се во склад со бојата на ѕидовите и елементите од кујната.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Покрај постоечката гарнитура за седење, додадени се нови елементи на кои се поставени телевизорот и дел од колекцијата на цртежи, графини и фотографии на корисниците.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Наместо класична трпезариска маса, изработен е еден елемент споен со плакар што двострано се користи.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Најголема трансформација доживеа бањата. Демонтирана е кадата и на истото место поставен е туш, затворен со стаклена врата и одделен од другиот дел од бањата.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Поткровјата во зградите имаат посебен шарм со високите прекршени плафони што ја следат косината на покривот.Убавиот поглед од високо и изобилството на сончева светлина придонесуваат за пријатната атмосфера во просторот. Единствено, после качувањето по скали до петтиот кат човек може да почувствува лесен умор што бргу поминува.

Фото: Марко Костовски / Студио 90
Фото: Марко Костовски / Студио 90

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!