ГАЛЕРИЈА: Грета Тунберг не се обрати во Скопје, дискусијата за „капиталистичките војни“ ја следеше од тераса

Шведската активистка Грета Тунберг не учествуваше во дискусијата „Стоп за воената машинерија: Борбата против империјализмот и капиталистичките војни“, која вечерва се одржа во Социјалниот центар „Дуња“, иако претходно преку видео на социјалните мрежи упати повик до граѓаните за нивно вклучување. Иако јавноста очекуваше нејзино обраќање, сепак, тоа не се случи.

Грета Тунберг во Скопје ФОТО/Методи Здравев

„Она што се случува во Газа не е изолирано од климатската криза. Тоа е истиот насилен систем изграден врз експлоатација, окупација и профит над животот. Јас сум во Скопје, а вчера македонскиот парламент гласаше против хуманитарна помош за Газа. Мора да застанеме солидарно, да се поврземе и спротиставиме заедно. Ќе се приклучам на дискусијава во ‘Дуња’ и протестната блокада утре во Дошница“, објави претходно таа во видео – повикот.

Тунберг не седеше ниту покрај говорниците на настанот.

ФОТО: Методи Здравев

Објективот на „Слободен печат“ ја забележа популарната Грета како го следи настанот од терасата во социјалниот центар и до самиот крај, не им се приклучи на останатите говорници.

ФОТО/ Методи Здравев

Грета Тунберг е веќе втор ден е во Македонија. Прво беше во посета на Тетово, по што пристигна во Скопје.

Утре, како што и самата најави, ќе се приклучи на утрешната протестна блокада за спас на реката Дошница на планината Кожуф.

ВИДЕО: Грета Тунберг повикува на протестната блокада против хидроцентралите на Кожуф утре

Пред да дојде во Македонија, Тунберг неделава беше присутна на протест во Тирана Албанија, на плоштадот „Скендербег“ за да го крене својот глас за страдањата на палестинскиот народ предизвикани од Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот