
Галант: Израел го уништил иранскиот систем; Иран одговори дека оваа изјава е дел од психолошката војна
Иранските власти ги отфрлија пораките на поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, кој во отворено писмо до Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, тврди дека во јунските напади, Израел сериозно го оштетил иранскиот воен систем, кој „Исламската Република го гради со децении“.
Препорачано
Канцеларијата на Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, го нарече писмото „пропаганда“ и „психолошка операција“, објави „Иран Интернешнл“.

Во писмо од 9 јули, Галант тврди дека Израел, во неодамнешниот 12-дневен конфликт, уништил клучни ирански воени и нуклеарни објекти, убил високи команданти и докажал целосна разузнавачка супериорност над Иран.
„Она што се случи во јуни не беше само воена кампања, туку стратешки колапс на систем што го градевте 40 години“, рече Галант, додавајќи дека секој нов обид за развој на нуклеарна програма би предизвикал нови израелски напади.
Иранските власти тврдат дека писмото има за цел да влијае на јавното мислење, како во Иран, така и во странство. Во јунскиот конфликт, израелските напади погодија повеќе цели во Иран, додека иранските ракетни напади убија 27 израелски цивили.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
19мин
-
22мин
-
46мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5