Фото: ДУИ

Функционери на ДУИ потпишаа Кодекс за добра пракса и интегритет

Членовите на централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го продолжија реформскиот процес со проценка на ризикот од корупција и го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на ДУИ.

Ова следува по отпочнување на процесот на ветинг од страна на пратениците од редовите на ДУИ на 13 февруари, што претставува клучен чекор во сеопфатниот процес на реформи и ветинг, велат од партијата.

„Предводена од претседателот на партијата Али Ахмети, оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за поставување на високи стандарди за политичко однесување. Кодексот на добри практики и интегритет, кој е усогласен со меѓународните стандарди на Венецијанската комисија и Парламентарното собрание на Советот на Европа, претставува цврсто ветување од страна на централното претседателство на ДУИ дека посветено поддржува етичко управување.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети истакна: Денес, нашите членови на централното претседателство започнуваат да се подложуваат на процес на ветинг и го потпишуваат Кодексот за добра практика и интегритет, со што го продолжуваат процесот на реформа на ДУИ. Со тоа ја потврдуваме својата силна посветеност на транспарентноста и етичкото лидерство.

Сеопфатната реформска стратегија на ДУИ вклучува не само пратеници, туку и високи партиски функционери и лидери на локалните партиски ограноци. Овој инклузивен пристап е креиран да го зајакне антикорупцискиот став на партијата и да промовира култура на интегритет во сите политички процеси.

Со водење преку личен пример, ДУИ демонстрира цврста посветеност на владеењето на правото и проактивен став против корупцијата. Оваа иницијатива ја одразува определбата на ДУИ да поттикне значајни промени во партијата, но и во пошироката национална рамка на владеење“, информираат од ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот