Стив Виткоф, американски пратеник за Блискиот Исток / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Функционер на Трамп: Зеленски прифати – вредните украински минерали за воената поддршка од САД

Претставникот на американскиот претседател за Блискиот исток, Стив Виткоф, денеска изјави дека очекува следната недела да биде потпишан договорот за пристап на САД до богатите украински наоѓалишта на ретки минерални суровини, пренесуваат американските медиуми.

Виткоф беше вклучен во организацијата на првата средба меѓу американски и руски претставници за Украина минатата недела во Саудиска Арабија.

Во неделното интервју за „Си-ен-ен“, тој изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп му испратил порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, како што рече, „повеќе не се колеба по ова прашање бидејќи разбира колку САД направиле за Украина со тоа што ѝ помогнале“.

Американскиот претставник, кој минатата недела изјави дека „развил пријателство“ со рускиот претседател Владимир Путин откако ја посетил Москва, во интервјуто рече дека Зеленски отпрвин се колебал околу потпишувањето на договор со кој на САД би им биле отстапени ретките минерални наоѓалишта на Украина.

Трамп во саботата изјави дека сака Украина да ги врати милијардите долари што САД ѝ ги испратија на земјата како помош во одбраната од руската инвазија, во замена за нејзините ретки метали и нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот