Фото: ФФМ

Фудбалските надежи до 15 години во натпревар со шест гола поразени од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.

Во еден возбудлив, интересен и отворен натпревар со многу голови, противникот успеа да забележи победа со 4:2.

Репрезентацијата на Србија фуриозно го отвори натпреварот и по првите 25. минути имаше убедлива предност од 3:0. Данило во 2. минута од пенал го доведува противникот во предност од 1:0. Во 16. минута истиот играч постигнува нов погодок. Во 25. минута Кикиќ се запишува во листа на стрелците за убедливо водство на Србија од 3:0.

Нашите млади фудбалери по почетниот шок успеаа да ги консолидираат своите редови и во продолжението од првиот дел успеаа во краток рок од три минути да постигнат два погодоци со што ја вратија незивесноста на овој натпревар. Најпрво Спировски во 28. минута ја намали предноста, а во 31. минута и Ристиќ погоди за намалување на резултатот на 3:2.

Во продолжението од средбата, Македонија се обидуваше да го израмни резултатот, но не успеаа да постигне уште еден гол во противничката мрежа. Србија преку Исаков во 90. минута ги постави конечните 4:2.

Контролен натпревар во Скопје;

Репрезентации до 15 години;

Македонија – Србија   2:4 (2:3)

Македонија: Димитар Петров (г), Кристијан Нелоски, Михајло Павлов, Матеј Бочески, Матеја Масев, Амар Акики, Лука Спироски, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Павел Стојанов, Марин Крстевски;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!